
Општина Делчево доби благодарница од 1. пешадиска бригада – Инженерски баталјон при Армијата на Република Северна Македонија, за остварените резултати во соработката и придонесот во планот за развивање, осовременување и јакнење на Армијата, како и афирмирање на одбраната на државата.
Благодарницата беше доделена по повод одбележувањето на 82-годишнината од формирањето на Инженерскиот баталјон, на свеченост што се одржа на 13 ноември во касарната „Чојлија“ во Скопје.
Ова признание претставува потврда за досегашната успешна соработка меѓу Општина Делчево и Армијата, но и признание за придонесот на локалната самоуправа во градењето партнерски односи со институциите од одбранбениот систем.
Општина Делчево и во иднина ќе продолжи да ја негува и унапредува соработката со Армијата, како важен партнер во зајакнувањето на институционалната поврзаност, безбедноста и заштитата на заедничките интереси.



