Заврши изградбата на канализациската мрежа во дел од населбата Стрелиште – следува изградба на две улици

  • Новости

Заврши изградбата на канализациската мрежа на дел од улицата „Петрашевска“ и дел од улицата „Чифличка“ во населбата Стрелиште, со што е реализирана првата фаза од проектот за унапредување на комуналната и уличната инфраструктура во овој дел од Делчево.

Во следната фаза од проектот е предвидена изградба на двете улици, и тоа улицата „Петрашевска“ во должина од 320 метри и улицата „Чифличка“ во должина од 100 метри.

Со реализацијата на проектот, најнапред се создаваат услови за целосно уредување на подземната инфраструктура, по што ќе следува изградбата на улиците и подобрувањето на пристапноста и условите за движење на жителите.

Проектот се реализира со средства од Буџетот на Општина Делчево и претставува дел од активностите за континуирано подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот во населените места.

Општина Делчево продолжува со инфраструктурни инвестиции насочени кон решавање на потребите на граѓаните и создавање подобри услови за живот во секој дел од градот.

Shares