Една година напорна работа, една година за поубаво Делчево – објавен отчетот на градоначалникот

  • Новости

Општина Делчево го објави отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот Иван Гоцевски. Во него се содржани реализираните проекти, започнатите активности, инвестициите и преземените обврски во различни области од животот на локалната заедница.

„Вредноста на едно дело не се мери само со она што сме го направиле денес, туку со трагата што ја оставаме за утре“, е пораката со која градоначалникот го започнува своето обраќање во отчетот, посочувајќи дека Делчево е многу повеќе од град – тоа е заедничка приказна, наследство од генерациите пред нас и одговорност кон оние што доаѓаат.

Отчетот е приказ на една година во која се работеше на подобрување на условите за живот, на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, спортот, младите и развојот на градот. Но, зад секоја бројка, секој проект и секоја инвестиција стои една заедничка цел – Делчево да биде подобро место за живеење.

Отчетот е достапен за сите граѓани на официјалната веб-страница на Општина Делчево на следниот ЛИНК, како дел од заложбата за транспарентно, отворено и отчетно работење.

Јавната презентација на отчетот ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, во салата на Спомен-домот АСНОМ по што ќе следува концерт на поп-ѕвездата Бојана Скендеровски.

Shares