Се подготвуваат новогодишните украси за новогодишната приказна на Делчево

  • Новости

Во детската градинка „Весели цветови“ интензивно се изработуваат новогодишни украси и најразлични новогодишни креации кои ќе бидат дел од новогодишното празнично украсување на градот.  Дечињата и вработените во градинката, први одговорија  на иницијативата од градоначалникот за новогодишно украссување на градот и наместо готови украси, годинава новогодишниот сјај да го создаваат самите делчевци, а во главната улога ќе бидат најмладите.

Во оваа празнична магија активно се вклучени и учениците од ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и СОУ „М.М. Брицо“, кои со својата креативност и ентузијазам изработуваат новогодишни лампиони што наскоро ќе ги украсат улиците во центарот на градот.
Сите заедно и дечињата од градинката и учениците, ќе го стават својот потпис на новогодишната приказна на Делчево докажувајќи дека најубавите новогодишни приказни се создаваат со многу љубов, детска креативност и вредни рачиња.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека нема поголема гордост од тоа да се гледаат нашите најмлади како со толку многу труд, желба и радост создаваат нешто убаво за својот град.

–Токму нивната посветеност нè потсетува дека најубавите нешта се создаваат заедно, со љубов и со срце. Оваа година, Делчево ќе блесне не само во новогодишни светилки, туку и во детската креативност, насмевки и заедништво. Да ја создадеме заедно најубавата новогодишна приказна за нашето Делчево, нагласи Гоцевски

Shares