Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година

Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), Градоначалникот на Општина Делчево објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година

 

 Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2020 година кои сенаменетизa финансиска помош на здруженија на граѓани согласноПравилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

 

Се повикуваат ситеграѓански здруженија кои се регистриранина подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.

I.Приоритетните области и цели за финансирање на проектни и програмски активности се

  • –          локалниотекономски развој;
  • –          техниката;
  • –          образованието;
  • –          културата;
  • –          уметноста;
  • –          социјална заштита;
  • –          заштита на животната средина.

Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево.

II.Право на учество имаат ситездруженија на граѓани кои ги исполнуваат следните општи услови:

–          Да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондациинајмалку 2 години пред објавувањето на повикот;

–          Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

III.Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќесе пријава на овој повик се:

–       Предлог проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината;

–       Предлог проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области;

–       Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата.

IV.Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќесе пријава на овој повик се:

 

Критериуми

поени

1. Организациски капацитет

20

2. Квалитетот на програмата/проектот

65

Релевантност на акцијата (колку целите кореспондираат со стратешките документи на општината)

20

Колку резултатите од активностите се остварливи и мерливи

10

Ефекти во локалната средина (влијание врз целни групи)

15

Видливост на проектот и негова одржливост (медиумска покриеност, број на обучени луѓе итн.)

10

Оргиналност и иновативност

10

3. Буџет (соодветно изразени активности во буџетот и оправданост на трошоците)

15


V. Потребна документација која треба да ја достават 
граѓанските здруженија :

  • –          тековна состојба од Централен регистар на Р.М. не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
  • –          решение за упис во регистарот на Здруженија и фондации(Копија);
  • –          предлог-проект ;
  • –          годишна програма на активностиза тековната година;
  • –          извештај за искористени средства од Општина Делчево(за оние коидобиле средства во претходната година);
  • –          профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти- CV;
  • –          изјава ододговорнотолиценаздружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.
VI. Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на тековната година, односно до 31.12.2020 година.

VII. Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие здружението на граѓани во тековната година може да изнесува најмногу до 100.000денари.

VIII. Рокотзапријавувањеизнесува 15 дена, започнувајќи од 13.01.2020година а крајниот рок за поднесување на пријави е 27.01.2020 година.

IX. Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

  •  Пријавата заедно со документација од точка V се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
  • Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ Не отварај“ и со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево.
  • Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчевоe-mail: info@delcevo.gov.mk со назнака со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
 Градоначалник,
Горан Трајковски

Shares