Објавен Јавниот повик за доделување финансиски средства на граѓанските здруженија

Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000 денари за оваа намена, односно заедно со средствата наменети за спортските здруженија и клубови, во Буџетот на Општина Делчево за 2020 година се предвидени 1.250.000 денари.

Согласно со Правилникот за условитеначинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженијаправни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчевоа приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се: локалниот економски развој; техниката; образованието; културатауметностасоцијалната заштитазаштитата на животната средина. Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

Пријавата заедно со документација се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

Рокот за пријавување е 15 дена, односно од 13.01.2020 до 27.01.2020 г.

Подетални информации за Јавниот повик на следниот линк 

Shares