Тендер за изградба на улици вреден 12 милиони денари

Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево.

По јавната набавка на работи отворањето ќе биде на 11.02.2020 во 9:00 часот електронски на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а сите заинтересирани можат да присуствуваат на јавното отворање во салата за состаноци на Општината.

За реализација на набавката се обезбедени средства од Буџетот на Општина Делчево за 2020 година во висина од 12.000.000,00 денари без вклучен ДДВ.

Јавната набавка за изградба на улици е согласно со Годишниот план за јавни набавки на Општина Делчево за 2020 г.

Shares