Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија, вработените во основно и средното образование, како и сите ученици и студенти дека ДОКОЛКУ во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е:

Да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето на телефонска и е- адреса на институцијата.

 На тој начин ќе се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, а институциите ќе може навремено и ефективно да реагираат.

Повикуваме на максимална лична одговорност на секој еден вработен во институциите, родителите на децата во образовен процес и сите граѓани.

Лицата кои согласно со горенаведеното нема да доаѓаат на работа се должни до Одделението за човечки ресурси електронски да достават скенирана патна исправа како доказ за патувањето во наведените региони.

 

Делчево, 27.02.2020

 

                                                                                         Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски

                                                                                    

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст