ПРЕКИН НА ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО ГРАДИНКИ, ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Општина Делчево информира дека од утре, 11.03.2020 година (среда) основните и средните училишта, како и предучилишната установа (детска градинка) на територијата на Општина Делчево, времено ќе го прекинат воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 – коронавирусот.

Согласно со владината одлука, за еден родител со дете до 10 годишна возраст, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции, во споменатиот рок од 14 дена. Во овој период, во училиштата и детската градинка во Делчево ќе се изврши вонредна дезинфекција.

Инаку, мерката ќе биде во траење од 14 дена, согласно со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст