Соопштение за времено укинување на приемните денови

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево ги известува граѓаните дека времено се укинуваат приемните денови во секторите и одделенијата во состав на Општина Делчево, а со цел да се превенира појавата и евентуалното ширење на коронавирусот.

Како дополнителен механизам кој треба да овозможи и понатаму непречено работење на Општината и во континуитет решавање на проблемите на граѓаните и одговор на нивните барања, се препорачува граѓаните да го користат телефонскиот број на централата на Општина Делчево (033) 411-550 и локалите:

  • Одделение за урбанизам – локал 115,
  • Сектор за финансии – локал 107;
  • Едношалтерски центар – локал 114.

Исто така, барања можат да се доставуваат на официјалниот е-маил info@delcevo.gov.mk, а дополнителни информации и службените контакти на одговорните лица од Општина Делчево можат да добиваат од веб-страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk.

Со почит,

                                                                                                            Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст