Заклучоци од Регионалниот кризен штаб на општините Делчево и М. Каменица

1.  Да се почитуваат мерките и препораките донесени од страна на Владата на РСМ

–        Сите лица кои дошле од земјите со висок и среден ризик да ја почитуваат мерката самоизолација во траење од 14 дена;

–        Доколку овие и други лица почувствуваат симптоми на болеста коронавирус-COVID 19, да не се упатуваат лично во здравствените институции туку да се јават на телефонот на ЦЈЗ 071-373-913 од каде ќе добијат насоки како да постапат и на кој начин ќе им биде извршено тестирање за болеста;

–        Сите институции на локално ниво да извршат дезинфекција на работните простории и, доколку работат со странки, да обезбедат средства за дезинфекција на влезовите во институциите;

–        Приватните компании кои вршат превоз на своите работници со организиран превоз да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата за превоз,  да вршат честа и редовна дезинфекција на просториите и да преземат мерки за подигнување на хигиената во работните просториите;

–        Советите на станарите во колективните живеалишта да извршат дезинфекција на влезовите и скалите во зградите.

2. ЈЗУ ЗД Гоце Делчев – Делчево да обезбеди возило кое ќе има единствена намена да врши превоз на инфицирани лица или на сомнителни случаи до инфективните клиники согласно со претходна консултација и препорака од ЦЈЗ.

3. ЕЛС  Делчево и ЕЛС М.Каменица да вршат редовна и честа дезинфекција на улиците, тротоарите и урбаната опрема во градовите и населените места.

4. Да се изврши затварање на градските пазари во градовите Делчево и М.Каменица со цел превенција од можно ширење на оваа болест до донесување на наредна одлука.

5. Такси- компаниите и компаниите кои вршат јавен превоз на подрачјето на општините Делчево и М.Каменица да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата.

6. Локалните маркети, продавници, аптеки и банки да го ограничат бројот на присутни лица во исто време внатре во објектите со цел да се намали опасноста од можно ширење на оваа болест да се одржува прописно растојание помеќу посетителите, а исто така, на влезовите во овие објекти да се постават садови со раствор за дезинфекција на обувките на посетителите.

7. Апел до граѓаните да не се крева паника и да не се врши панично купување залихи од храна, бидејќи маркетите и продавниците вршат редова дополна.

8. Секоја институција да назначи лице за координација и наредни состаноци и податоци за тоа лице да се достават до РЦУК – Делчево веднаш по добивањето на заклучоците.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст