Заклучоци од Општинскиот штаб за заштита и спасување

На денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој присуствуваа сите претставници од надлежните институции, беа донесени следниве заклучоци:

 1.Сите економски оператори кои ги исполнуваат условите за он-лајн или телефонска порачка, а кои досега до Општинскиот штаб поднеле барања или ќе поднесат заклучно до утре до 14 ч, ќе добијат известување од Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево за работа за време на продолжениот викенд.

2.На регистрираните земјоделци кои имаат дозвола за движење од МИОА, им важат дозволите и за претстојниот викенд. Нови потврди на земјоделците нема да се издаваат.

3.Сточарите кои не се регистрирани можат да поднесуваат барање до ОКШ најдоцна до четврток (16.04.20) до 12.00 ч од каде во координација со ветеринарните станици и ПЕ на МЗШВ Делчево ќе им се дава известувања за движење во строго определен временски период од денот исклучиво за движење до локацијата каде се чува стоката.

4.Согласно со Уредбата од Владата на РСM, за претстојните велигденски празници почнувајќи од 16 април од 16,00 ч. до 21 април до 05.00 ч, ќе бидат затворени за посетители сите паркови, излетнички места и места за рекреација во националните паркови и шуми, а МВР ќе ги интензивира контролите на овие места.  

4. Се задолжуваат маркетите, банките, аптеките и продавниците  пред своите влезови  да стават средства за дезинфекција на раце и , да не се создаваат гужви, да се почитува растојание од 2 метри и задолжително носење заштитни маски за лице.  

5. ТППЕ Делчево ќе врши дезинфекција на црковните објекти во градот, а ќе бидат засилени и контролите од МВР со цел да се сочува редот и да се почитуваат воведените мерки за превенција од заразата ковид-19.

6. Општинскиот кризен штаб апелира за време на велигденските празници, граѓаните да ја почитуваат забраната за движење и да нема групирања во дворовите.

Инаку, согласно со информацијата од надлежните, во Делчево до денеска нема заразаени со коронавирус, а 21 лице е во самоизолација. ОВР Делчево досега поднела 30 кривични пријави за прекршувања на забраната за движење и по други основи.

ЈКП „Брегалница“ поради дефект на возилата имала проблеми со собирање на комуналниот отпад. Дефектот е отстранет, така што од денеска интензивно ќе се работи за собирање на отпадот.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст