Соопштение за сточарите

Поради претстојната забрана за движење во периодот од 15,00 ч на  25.04.20 (сабота) , до 5,00 ч наутро на 27.04.20 (понеделник), Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување ги известува сточарите од Општина Делчево кои имаат потреба за движење и работа на фармите додека трае забраната за движење, да се јават во Општина Делчево кај лицето  Кире Цоневски  на тел.  078/705-513 со цел да им се овозможи соодветно евидентирање на податоците кои ќе бидат доставени од страна на назначеното административно лице до ПС-ОН Делчево. Воедно, се информираат сточарите дека движењето е временски ограничено, односно во периодот од 6 до 8 часот наутро и од 17 до 19 ч попладне.

Исто така, се информираат земјоделците, да ги завршат работите по земјоделските површини до 15,00 ч. в сабота (25.04.20) согласно со Одлуката за движење на Владата од РСМ .
0Shares
0
Големина на фонт
Контраст