Соопштение за движење за време на продолжениот викенд

Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Делчево ги известува сите економски оператори кои се заинтересирани да вршат достава на храна / лекови, во периодот кога важи забраната за движење на 1,2 и 3 мај по 14 ч. дека е потребно  да пополнат барање и да го испратат на info@delcevo.gov.mk најдоцна до 30-ти април (четврток), до 12:00 часот.

Дополнително, ги информираме сите граѓани и компании дека во текот на продолжениот викенд, 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движење на граѓаните меѓу 05:00 и 14:00 часот. Оттука, нерегистрираните земјоделци кои вршат дејност во Делчево, потребно е да ги завршат активностите во дозволениот дел од денот (од 05:00 до 14:00 часот).

Сточарите кои имаат потреба да се движат  по 14 ч. да се пријават кај админситративниот службеник Кире Цоневски на тел. 078/705-513 и да дадат податоци за живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска пацела најдоцна до 30-ти април (четврток), до 12:00 часот. Воедно се напоменува дека известувањата за движење на сточарите се во строго определен термин во периодот од 17 до 19 ч.

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.

Барање за он-лајн продажба за време на полициски час

Shares