Покана за одбележување на 9ти мај – Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот

По повод одбележувањето на два значајни настани, 75 -годишнината од победата над фашизмот и Денот на Европа , Општина Делчево организира пригодна свеченост на 9 мај, сабота во 10:00 ч пред споменикот на паднатите борци од НОВ.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на градот, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот. Воедно, се препорачува на настанот да земат присуство по двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст