Времен режим на сообраќај на дел од улица „Маршал Тито“ во Делчево

Изведувачот АД ИЛИНДЕН Струга на ден 12.05.2020 година ќе започне со примена на времена измена на режим на сообраќај во рамки на реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Делчево. Работите ќе се изведуваат согласно одобрениот режим на сообраќај во неколку фази и тоа започнувајќи од патниот правец од населба Стрелиште кон Делчево со затворање на едната сообраќајна лента и пренасочување со наизменично пропушатање возила на другата сообраќајна лента.

За воспоставување на времениот режим на сообраќај ќе бидат поставени сообраќајни знаци и опрема со која ќе се води сообраќајот со цел овозможување безбеден и непречен сообраќај за сите учесници.

Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост.

Времениот режим на сообраќај ќе биде во важност сѐ до завршување на реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Делчево.

Притоа ве известуваме дека:

–          Жителите ќе имаат непречен пристап до централното градско подрачје преку постојните улици почитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Трговците ќе можат да вршат дотур на стока секој ден преку постојните улици почитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Пристапот на учениците/децата / родителите и персоналот на училиштето/градинката ќе биде возможен преку постојните улици почитувајќи го времениот режим на сообраќај.

–          Во периодот на изведба редовно ќе бидат ажурирани информациите за изведбата.

Согласно тоа, ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување на потребите за брзо и навремено спроведување на градежните работи.  

За дополнителни информации / прашања, обрате се кај Звонко Атанасов, телефонски број 075/367-901 од Општина Делчево. 

Сите  ваши забелешки може да се доставаат во писмена форма во сандачето за пофалби и поплаки поставено во административната зграда на Општина Делчево. Доколу очекувате одговор потребно е да се наведе и адресата, а забелешките може да бидат поднесени и во анонимна форма.

Реализацијата на проектот е преку проектната единица во Министерство за финансии и проектот МСИП за подобрување на општинските услуги финансиран преку Светска Банка, за кој Општина Делчево доби средства за подзаем за реализација на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево (реконструкција на улица „Маршал Тито“ и „Вера Јоциќ“ и изградба на улица број 7 населба СРЦ Делчево). Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население.

Shares