Известување за дератизација

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 04.06.2020 година (четврток), со почеток од 08.00 часот ќе врши општа дератизација на канализациската мрежа на територијата на Општината и градската депонија.

Оваа мерка е предвидена во Годишната програма на Општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ќе ја спроведуваат стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Кочани- ПЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“, како и вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината.

Вкупно ќе бидат третирани 180 шахти во градот и селата според однапред изготвен план, за што е планирано да се употребат 30 килограми соодветен препарат. Градската депонија ќе се третира со 10 килограми препарат против глувци и други глодари.

Shares