Градскиот пазар во Делчево со скратено работно време

Поради актуелната состојба и забраната за движење за време на викендот која започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро,  градскиот пазар во Делчево оваа сабота (06.06.20) ќе работи со скратено работно време од 06 ч до 14 ч.

 Од  ЈКП „Брегалница“ ги информираат закупците на тезги и  потрошувачите да го почитуваат скратеното работно време и апелираат дека е потребно задолжително почитување на мерките за лична заштита, носење заштитна маска на лице, држење растојание од два метри, а на секоја тезга да има задолжително дезинфициенси за раце.

Екипи на ТППЕ Делчево пред и по пазарниот ден ќе извршат дезинфекција на просторот и тезгите на локацијата на градскиот пазар.

Shares