соопштение за новите препораки од Владата на РСМ

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на РСМ на вчерашната седница ги донесе следниве одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, а кои ќе важат и за граѓаните на Општина Делчево.

1.       Се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро.  во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

2.      Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби.

3.      За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби, само за жителите на селата. Земјоделчите кои не се со место на живеење во селата своите земјоделски активности да ги завршат и да се вратат во своите домови до 16 часот(петок, сабота, недела).

4.      Сточарите на територијата на градот Делчево можат да да ги извршуваат работите од 17-19 часот (петок, сабота, недела), тоа да го пријават на тел: 078/705-513, најдоцна до 15 часот на 04.06.2020 година.

5.      Економските оператори можат да работат on line во време на забрана за движење во периодот од 16-21часот(петок, сабота, недела).

6.      Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

7.      Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

8.      Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

9.      Прошетката на милениците (кучињата) ќе биде во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15:30 и 20:00 до 20:30 часот.

Shares