И З В Е С Т У В А Њ Е за авионско прскање против комарци

Општина Делчево ја информира јавноста дека на ден 02.07.2020 година (четврток) во периодот од 05,00 часот до 08,00 часот ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци.

Прскањето ќе се врши со средство – широкопојасен инсектицид- еколошки препарат CICERON 2.ULVодобрен од Бирото за лекови, а ќе го изврши лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.

Третирањето ќе се изврши на површина од 300 ha и тоа:

– 200 ha  (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница, централно градско подрачје до езеро ,,Сандански,,

– 2x50 ha ,,Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште и Ново Делчево , Милково Брдо, Басарица и нас. Пролет.

Се известуваат пчеларите во времето на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст