Известување за работно време на општинската администрација од понеделник 7 септември 2020 година

Општина Делчево ги известува граѓаните кои имаат потреба од користење на услугите на општинската администрација кои не се од итен карактер, поради новонастаната состојба во општината со КОВИД 19, да се воздржат од нивно лично присуство во работните простории на општината.

За нивните потреби да се обратат на телефонот 033/411-550 или на електронската пошта info@delcevo.gov.mk

Исто така апелираме граѓаните да се воздржуваат и од лично присуство и директни контакти и по останатите институции.

Работното време на општинската администрација од 7 септември 2020 година (понеделник) ќе биде од 07.30 часот до 14.00 часот.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст