Соопштение

Општина Делчево ги известува граѓаните дека и понатаму важи укинувањето на приемните денови во секторите и одделенијата во состав на Општина Делчево, поради новонастаната состојба со епидемијата од ковид 19 на територијата на Општина Делчево, а како една од мерките за превенција од зараза.

Како дополнителен механизам кој треба да овозможи и понатаму непречено работење на Општината и во континуитет решавање на проблемите на граѓаните и одговор на нивните барања, се препорачува граѓаните да го користат телефонскиот број на централата на Општина Делчево (033) 411-550 и локалите:

o    Одделение за урбанизам – локал 115,

o    Сектор за финансии – локал 107;

o    Едношалтерски центар – локал 114.

Исто така, барања можат да се доставуваат на официјалниот е-маил info@delcevo.gov.mk, а дополнителни информации и службените контакти на одговорните лица од Општина Делчево можат да добиваат од веб-страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk.

Работното време на општинската администрација од 23 септември 2020 година (среда) ќе биде од 07.30 часот до 15.30 часот.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст