Соопштение: Пoчитувајте го времениот режим на сообраќај на улиците во изградба

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот што следува продолжуваат градежните работи на улиците „Маршал Тито“, „Вера Јоциќ“ и улица 7 во СРЦ. Реконструкцијата и изградбата на наведените улици ги изведува фирмата „ИЛИНДЕН“ АД Струга, а инвеститор е Општина Делчево, со цел подобрување на квалитетот на живот на локалното население.

Жителите ќе имаат непречен пристап до своите домови преку улицата „Вера Јоциќ“ за времетраење на градежните работи, а во рамки на воспоставениот времен режим на сообраќај.

Жителите кои се движат преку улица „Маршал Тито“ кон населбата Стрелиште, треба да се придржуваат до воспоставениот времен режим на сообраќај, а исто така, можат да го користат и алтернативниот премин преку местото викано Стара Пекара.

При движење на посечените делници забрането е непотребно задржување и движење, посебно на пешаците заради нивна безбедност.

Исто така, ве известуваме дека се работи на изградба на тротоарите на улицата 7 во СРЦ, а при овие активности, жителите ќе имаат непречен пристап до своите домови.

Ве замолуваме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи и воедно апелираме да ја почитувате поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движите со намалена брзина и зголемена претпазливост.

Shares