СООПШТЕНИЕ за нови превентивни мерки за заштита од ковид-19

Општина Делчево ги информира граѓаните дека согласно со Одлуката на Владата на РСМ за заштита на здравјето на населението од Ковид 19, донесена на 18 Седница, забраната за собирање во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, наместо по 21 ч ќе трае во текот на целиот ден.

Исклучоци на оваа забрана се однесуваат:

1.       За родители и деца од исто семејство;

2.       При организирање настава на отворено како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување деца;

3.       При чекање на постојка за превоз на патници;

4.       При професионални спортски натпревари и тренинзи;

5.       При организирање и одржување службени собири (состаноци, работилници и сл) кои се неопходни за да се овозможи континуирано работење на институциите, деловните субјекти и др организации;

6.       При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска противпожарна служба, здравство и сл.

7.       На лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош при животнозагрозувачки состојби;

8.       При пристапување во економски оператори во нивните капацитети, заради добивање услуга, чекање во ред пред операторот и сл. со одржување минимално растојание од најмалку 1,5м до 2 м при добивање услуга;

9.       При вршење на други активности кои се утврдени во и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските мерки и протоколи, планови и алгоритми за постапување со оваа одлука.

Shares