Соопштение за редовни контроли во превозот на патници

Општина Делчево ги известува граѓаните дека надлежната инспекциска служба при Одделението за инспекциски надзор на Општина Делчево, согласно со Протоколот за вршење јавен превоз на патници од Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, врши постојани инспекциски контроли и надзори на правните и на физичките лица кои вршат јавен превоз на патници во Општина Делчево.

Во таа насока, повторно се укажува на превозниците и на патниците дека е потребно строго почитување на Протоколот, кој меѓудрогото предвидува и задолжително носење маски и на патниците и на возачот, возилото за превоз да биде со исполнетост од максимум 50% од вкупниот капацитет, да има поставено средство за дезинфекција на влезот на возилото. Исто така, забранета е консумација на секаков вид храна и пијалоци во возилото, а по завршување на турата да се врши редовна дезинфекција на возилото.

Имајќи ја предвид актуелната состојба со ширењето на заразата со ковид 19, инспекциската служба ќе врши зачестени контроли на сите превозници на територијата на Општина Делчево.

Shares