Соопштение за поставување видеонадзор во Делчево на три локации

Општина Делчево ги информира граѓаните дека е во постапка за поставување систем за вршење видеонадзор на три локации: пешачки мост „Гоце Делчев“, детско игралиште во населба Ново Делчево и тениско игралиште во населба СРЦ.

Поставувањето на видеонадзорот е со цел да се превенира од  уништување на јавниот имот, да се зачува јавното добро ставено во функција на граѓаните и купено со парите на граѓаните, како и да бидат минато сликите од уништена урбана опрема во градот.

Во таа насока, деновиве на општинската веб-страница, delcevo.gov.mk, е активна јавна анкета на која граѓаните можат да дадат свое мислење, дали се за или против поставување видонадзор на споменатите локации. Анкетата ќе помогне за да се слушне мислењето на граѓаните со цел да продолжи постапката за поставување видеонадзор на трите фреквентни локации кои се честа мета на несовесни граѓани.

Shares