Покана за одбележување 77 години од Февруарски поход

По повод одбележувањето на 77 години од Февруарскиот поход , Општина Делчево организира пригодна свеченост на 25 февруари во 11:00 ч пред спомен-обележјето на планината Голак.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-обележјето поставено на планината Голак, да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот.

Поради актуелната пандемија нема да се организира традиционалниот планинарски марш, а исто така, нема да има организиран превоз до Голак.

Shares