РЕШЕНИЕ за свикување на 53 редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден  21 .05.2021 година, донесе

 РЕШЕНИЕ за свикување на 53. редовна седница на Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 53. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 27.05.2021 (четврток) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

            Дневен ред

-Усвојување на Записник од 52.седница 

  1. 1. Предлог-Одлука за доделување парична награда на најдобрите 10 матуранти во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
  2. 2. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на учениците-првенци на генерација во општинските училишта;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

  1. 3. Предлог-Одлука за ослободување од комунална такса за користење на простор пред деловен простор во општина Делчево;

Образлагач: Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.

  1. 4. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со поголем број на деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. 5. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска помош;

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Совет на Општина Делчево.

6. Предлог-Одлука за формирање на општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Делчево;

Образлагач: Ивана Ивановска-Советник за правни работи и застапување.

7.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за организација,делокругот и начинот на извршувањето на задачите на општинската администрација на Општина Делчево

8.Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај од спроведена функционална анализа на Општина Делчево .

Образлагач: Џулиета Мемедова–Самостоен референт за заштита при работа

  1. Прашања и предлози на членови на Совет;

            II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09—917/1
21.05.2021 год.
Делчево 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски,с.р.

 

ЗАБЕЛЕШКА: Почитувани, можно е да ви бидат доставени и дополнителни точки, а материјалите под реден број  6, 7 и 8  ќе ви бидат доставени дополнително, заедно со нив.  Ве молме за рабирање!

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст