Проект за поврзување на локалните патишта- Механизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Oпштина Делчево има аплицирано со подпроекти за реконструкција на делница од локален пат Л-1 Делчево – Тработивиште со должина од 5,300м, реконструкција на улица „Орце Николов“ и ул.„Скопска“со должина од 750,0м, реконструкција на дел од улица „Острец“со должина од 74,0м, кои се дел од Тендер 2 и за кој во најскоро време ќе започнат работите на терен.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Делчево пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизмот за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го направат преку два документи: Механизам за жалби и поплаки преку примање жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страница на Општина Делчево ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.

Механизам за жалби и поплаки

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст