И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот од 01.11.2021година до 29.04.2022 година  ќе се изведуваат градежни работи на локацијата ул.,,3,, (ги поврзува  улица ,,4,, со ул.,,Индустриска,,) за реализација на проектот Изградба на дел од станбена улица бр.3 од ст.0+237.00 до ст.0+606.33. Работите ги изведува фирмата Бауер БГ ДОО, Скопје, а инвеститор е Општина Делчево. Овој проект се реализира со (под-заем со кофинансирање) средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.

Притоа Ве известуваме дека:

  • Во периодот од 01.11.2021год. до 29.04.2022год. ќе се отпочне со градежни активности за изградба на улица,,3,, во ЦГП.
  • Улицата ќе ги поврзува ул,,4,, со ул. ,,Индустриска,, односно ќе обезбеди едеинствен пристап до градскиот пазар кој е во фаза на изградба.
  • Се известуваат жителите на општина Делчево дека со цел да не дојде до некои несакани повреди не е дозволено движење во близина на местото односно на локацијата каде се вршат градежните активности.
  • На влезот во просториите на општинската администрација е поставено сандаче за пофалби и поплаки кои се во врска со пороектните активности ,,Изградба на станбена улуца бр.3,,. Сите пофалби и поплаки може да бидат доставени во пишана форма со потпис на доставувачот или анонимно.
  • За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите кај Тања Стојковска на тел. 071273929  од Општина Делчево.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст