РЕШЕНИЕ за свикување на Шестата редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 21.02.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Шестата редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам Шестата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 28.02.2021 (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

 

 -Усвојување на Записник од Петта  седница на Советот на Општина Делчево

  1. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2022 година;

Образлагач:Гоце Попов-Претседател на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Делчево.

  1. Предлог-Програма за превенција на детско прстапништво;

Образлагач:Марија Симова-Претседател на Советот за превенција на Советот за превенција на детско претстапништво.

  1. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите

на  административните службеници, давателите на јавни услуги,

директорот и помошно-техничките лица вработени во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за парична помош по барање на Кикбоксинг клуб „АС“ од Делчево;

Образлагач: Ана Ситновска-Димитровска-Советник одговорен сметководител во Општина Делчево.

  1. Предлог-Одлука за приоритетен проект: „Набавка и поставување на лед диодни светилки во општина Делчево во рамки на грантот од  Проектот за подобрување на општинските услуги“ финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

  1. Полугодишен извештај за работанаСОУ „М.М.Брицо“-Делчевозаучебната 2021/2022

со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Љупчо Прачковски-Директор на СОУ „Методи Митевски Брицо“-Делчево.

  1. ПолугодишенизвештајзаработатанаООУ „Ванчо Прке“Делчевозаучебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

  1. Предлог-Решение за за именување на претставник на основачот за член во УО на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево;

Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Комисијата за прашањата на верификацијата, мандатни прашања, избори и именувања.

  1. ПолугодишенизвештајзаработатанаООУ „Св.Климент Охридски“Делчевозаучебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан ДимитровскиДиректор на ООУ„Св.Климент Охридски“Делчево“

  1. Предлог-Решение за именување на претставник на основачот за член во УО на ООУ „Св.Климент Охридски“Делчево;

Образлагач: Гоце Попов- Претседател на Комисијата за прашањата на верификацијата, мандатни прашања, избори и именувања.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-325/1
21.02.2022
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст