ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА -Делчево

Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локална самоурава (Сл.весник на РМ бр.5/02) , член 19-а и член 23 од  Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), а во врска со Одлуката за распишување на Јавен Конкурс за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА – Делчево бр. 08-323/1 од 21.02.2022 година, Градоначалникот на Општина Делчево,  распишува

 

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА -Делчево

 

Се распишува Јавен Конкурс  за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА -Делчево.

За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следните  услови:

  • е државјанин на Република Македонија
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • има минимум 5 (пет) години работно искуство.
  • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English:First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС(APTIS)-најмалку ниво  Б2(В2).

Со пријавата кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за државјанство;
  • Заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка;
  • Потврда за работно искуство;
  • Кратка биографија-CV;
  • Сертификат за познавање на јазик,
  • Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Програма за работа и развој на претпријатието за период од 2022 година до 2026 година.

Работното време е од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата, а паричниот износ на нето платата изнесува 42.000,oo денари.

Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави Пријава  и документи во оригинал или заверени на нотар, како доказ за исполнување на горенаведените услови.

Јавниот Конкурс ќе трае 7  (седум) дена од денот на објавувањето во дневните весници.

Пристигнатите документи по Јавниот Конкурс  ќе ги прегледува три члена Комисија избрана од Градоначалникот и во рок од 8 (осум) дена по истекот на Конкурсот целокупната документација ја доставува до Градоначалникот на Општината, кој во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставувањето на документацијата донесува Одлука за избор на Директор на јавното претпријатие.

Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се достави во рок од 5 (пет) дена од денот на донесување на Одлуката за избор.

Градоначалникот го задржува правото кандидатите со уредни пријави да ги интервјуира.

Пријавата со потребната документација се доставува до Архивата на Општина Делчево или преку пошта на адреса ул.Светозар Марковиќ бр.1 со назнака: “За Јавен Конкурс  за избор на Директор на ЈКП “БРЕГАЛНИЦА“Делчево .

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок  и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни  и истите нема да се разгледуваат.

Образец пријава за директор ЈКПД

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст