Известување за оштетувања на патот кон населено место Пасјак во с.Нов Истевник

Известување за јавноста

Почитувани,

„Согласно член 54 од Законот за јавни патишта и член 16 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ја известуваме јавноста и корисниците на општинскиот пат кон н.м. Пасјак дека се утврдени оштетувања на делници од општинскиот пат Л-18 отклон од Р-1302 кон населено место Пасјак во с.Нов Истевник, општина Делчево.

Со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот апелираме од страна на учесниците во сообраќајот да се почитува поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, а движењето да се одвива со намалена брзина и зголемена претпазливост на делниците каде се лоцирани оштетувањата.“

0Shares
0