Покана за одбележување на 146 години од Разловечкото востание

По повод одбележувањето на 146-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура, организира пригодна свеченост на 19 мај (четврток ) во с. Разловци со следната програма:

  • 10,30 ч почеток на манифестацијата „Делчево го чествува аманетот“ во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“
  • положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан;
  • културно-уметничка програма.

 Воедно в недела (22.05.2022) ќе се одржи и традиционалниот планинарски марш посветен на 146 годишнината од Разловечкото востание.

По тој повод, се покануваат сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст