КОНКУРС за доделување на 15 (петнаесет) стипендии за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02) и член 2 став 1 алинеја 7 од Меморандум за соработка бр. 08-823/1 од 04.05.2022 година склучен помеѓу општина Делчево и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје,  Градоначалникот на Општина Делчево објавува:

КОНКУРС
за доделување на 15 (петнаесет) стипендии за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

1.Со цел развој и унапредување на образовните процеси, мотивирање студенти за учење и развој, Општина Делчево објавува Конкурс за доделување на 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје кои ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година.

2. Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра и  се на товар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а ќе се доделуваат на следниот начин: во прва година 1000 евра, а во втора, трета и четврта година по 2000 евра.

3.Стипендиите важат за запишување на следните факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:

  • Факултет за туризам
  • Економски факултет
  • Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент
  • Факултет за менаџмент на човечки ресурси
  • Факултет за информатика

4.Услови за доделување на стипендиите

Право за конкурирање имаат сите средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево, се жители од Општина Делчево и државјани на Република Северна Македонија.

5.Потребни документи за учество на конкурсот

  • Барање до Општина Делчево;
  • Фотокопија од лична карта или пасош;
  • Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година од средно образование(фотокопија);
  • Диплома за завршено средно образование(фотокопија);
  • Дополнителни дипломи од освоени места на државни и регионални натпревари (фотокопија);
  • Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021година или потврда од работодавач за висина на плата на родителите/потврда за невработеност од АВРСМ;
  • Изјава за обработка и користење на личните податоци;
  • Изјава на кандидатот дека доставените документи се веродостојни и верни на оргиналот .

Изборот на кандидатите ќе го изврши Комисија која е  формирана од страна на Градоначалникот на Општина Делчево.

Напомена:

Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од  социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани

6.Место и рок за поднесување на документите

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на Општина  Делчево  во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “

Рокот за поднесување на документите е 15  дена заклучно со 03.08.2022 година.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на Конкурсот, на огласната табла во Општина Делчево и на ВЕБ – страницата на Општина Делчево.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на Општина Делчево.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан  Трајковски

0Shares
0