ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин на сообраќајот на ул „Острец“ на ден 30.09.2022

Во рамки на утврдениот времен режим на сообраќај и известувањето добиено од страна на изведувачот БИТЕМ Скопје за асфалтирање на дел од улицата „Острец“, се информираат граѓаните дека на ден 30.09.2022 година (петок) од 10:00 до 16:00 часот ќе се започне со асфалтирање на улицата при што сообраќајот на овој дел од улицата ќе биде во прекин.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи и воедно апелираме да ја почитувате поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движите со намалена брзина и зголемена претпазливост.

 

Shares