Резултати од повторениот Конкурс за општински студентски стипендии

Комисијата за доделување студентски стипендии ја дополни листата на општински стипендисти. По завршувањето на процедурите од објавениот повторен конкурс за доделување студентски стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, а живеат во Делчево, Комисијата за доделување студентски стипендии ја дополни листата на општински стипендисти со 2  студенти кои аплицирале по Конкурсот, а имаат постигнато особено висок успех во студирањето:

1. Гоце Аџиски студент  од III година на Геодезија на универзитетот„Св.Кирил и Методиј“ Скопје

2.Марија Стоичовска студент од II година на Факултет за медицински науки Универзитет„Гоце Делчев“ Штип

 Висината на стипендиите ќе изнесува 3.500 денари од месец за девет месеци за студиската 2022/2023 година.

Shares