Центар за корисници на ЈКП „Брегалница“ на новиот градски пазар

На новиот градски пазар, ЈКП „Брегалница“ ќе отвори центар за корисници со цел подобрена и подостапна услуга на граѓаните. Центарот ќе располага со соодветна опрема и промотивен материјал за услугите на ЈКП „Брегалница“, а граѓаните во овој центар ќе можат да плаќаат сметки, да пријавуват состојба на водомер, да поднесуваат барања за промена на водомер или барање за нов приклучок и сл.

Отворањето на центарот е дел од проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“ поддржан од Швајцарската Влада, во мерката корпоративен развој на претпријатието.

Shares