Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево

Податоци за органот кој го изработува планскиот документ
Назив на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево
Орган надлежен за изработка на планскиот документ ДППИ ТАЈФА-ПЛАН ДОО СКОПЈЕ

 

Орган надлежен за донесување на планскиот документ Градоначалник  на Општина Делчево

 

Податоци за изработувачот на планскиот документ
Име на лицето овластено за подготвување на планскиот документ Гордана Караѓуле-Ристеска, диа
Назив на работното место Планер
Контакт податоци за лицето Брака Миладинови бр,41 Струмица

070 383 941

( контакт општина Делчево Горан Петровски 071215274 )

 

 

 

Основни податоци за планскиот документ
Од што произлегува донесувањето на планскиот документ? (пр. законска обврска или друга одредба)
Планската документација е усогласена со најновата законска регулатива како што е: Правилникот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 225/20, 219/21, 104/22  и 99/23)
Дали се донесува нов плански документ или се вршат измени на постојниот?
Да Х

Не

Доколку се врши измена на постоечки плански документ наведете го називот на стариот плански документ и причините за негово изменување?
Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е третиран со урбанистичка планска документација.
Дали планскиот документ опфаќа област определена со член 65 став 2 од Законот за животна средина? Доколку одговорот е ДА наведете ја областа.
ДА – просторно и урбанистичко планирање.
Дали планскиот документ е определен со уредбата за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето. Доколку е определен наведете ја точката и алинејата под која е определен. (пр. член 3, точка 1, алинеја 5)
Да

Не  √

Член: / Точка: / Алинеја: /

 

Дали со планскиот документ се планира реализирање на проект што е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина. Доколку одговорот е позитивен наведете за каков проект станува збор.
На ниво на план не е утврдено дали проектите влегуваат во Прилог I или Прилог II, односно Проекти за кои задолжително се врши оцена на влијанијата врз животната средина или се утврдува потребата од спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
Дали планскиот документ опфаќа користење на мала област од локално значење како што е определено со член 65 став 3 од Законот за животна средина. Доколку одговорот е ДА, наведете ја површината на областа и нејзиното значење.
Не.

 

Да се наведе целта на донесување на планскиот документ и да се опише клучната одлука која ќе се донесе.
Развојот на инфраструктурните системи претставува значајна детерминанта на економски развој. Унапредувањето на електро-енергетската инфраструктура влијае врз развојот и разместеноста на производните и услужни дејности.

Истот така ќе се овозможи подобрување на инфраструктурните услови во ова подрачје и ќе биде во функција на унапредување на енергетскиот сектор.

Предмет на планскиот документ. (пр. транспорт, планирање на просторот и сл.)
Планирање на просторот.
Периодот за донесување на планскиот документ.
2023 –  година.
Предвидено ревидирање на планскиот документ. Доколку е предвидено ревидирање, на колку години?
Простор или област опфатени со планскиот документ. (пр. географска област, добро е да се прикачи мапа)
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево. Просторот кој е предмет на изработка на урбанистичкиот проект се наоѓа на територијата на Општина Делчево, во КО Делчево, КО Очипала, и истиот се наоѓа дел во опфат на ГУП на град Делчево и дел вон опфат на урбанистички план, односно дел од проектниот опфат е вон опфат на Урбанистичко планска документација.

 

 

Целите и/или предлог целите што треба да се постигнат со реализирањето на планскиот документ и дали истите се содржани во акт или документ.
Да √

Не

Дали е приложена копија од целите?
Да

Не √

Резиме на влијанијата врз животната средина

(Да се определи дали имплементацијата на планскиот документ ќе предизвика значително влијание врз животната средина, потребно е да ги пополните прашањата кои следат подолу како водич за определување на значителното влијание на ефектите врз животната средина, а кои се во согласност со Уредбата за критериумите врз основа на кои се донесуваат одлуките дали определени плански документи  би можеле да имаат значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.)

Потенцијалните влијанија врз животната средина од планскиот документ.

Влијанијата од Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево, може да се анализираат како позитвни и негативни влијанија и тоа влијанија врз сите медиуми на животната средина, билошката разновидност, природата, пределот, културното наследство, луѓето и социо-економските влијанија.

Фаза на изградба:

  • Емисии од фугитивна прашина од градежните активности;
  • Зголемување на нивото на бучава од градежните активности;
  • Создавање на цврст, неопасен и инертен отпад;

 

Веројатноста, времетраењето, фреквентноста и повратноста на влијанијата; Развојот на инфраструктурните системи претставува значајна детерминанта на економски развој. Унапредувањето на електро-енергетската инфраструктура влијае врз развојот и разместеноста на производните и услужни дејности.
Кумулативната природа на влијанијата врз животната средина и животот и здравјето на луѓето Во екплоатациониот период  не се очекува значајни влијанија врз животот и здравјето на луѓето, затоа што видот и природата на планираните содржини со намена  инфраструктура за пренос на електрична енергија не спаѓаат во групата на големи и директни загадувачи на животната средина и животот и здравјето на луѓето.

 

Прекугранична природа на влијанијата; Со имплементацијата на Урбанистичкиот проект  не постои можност за појава на прекугранични влијанија, ниту во фазата на градба, ниту во фазата на експлоатација, поради доволната оддалеченост на планскиот опфат од границите на државата
Ризиците по животот и здравјето на луѓето и животната средина (пр. како резултат на несреќи); Во експлоатациониот период не се очекува значајни влијанија врз животот и здравјето на луѓето, затоа што видот и природата на планираните содржини не спаѓаат во групата на големи и директни загадувачи на животната средина и животот и здравјето на луѓето.

 

Опсег и просторниот обем на влијанијата (географска област и големината на популацијата која ќе биде засегната).  

Опфатот на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево е концепиран во една целина на површина од 6850,5 m², односно 0,68 хa, односно  3429,30 м должина на кабелот и е надвор од урбанистички опфат на најблиските населби.

 

Потенцијалните економски и социјални влијанија кои би ги предизвикал планскиот документ како што се:
Изградбата на предвидениот кабелски вод за пренос на електрична енергија ке биде во функција на Развојот на инфраструктурните системи. Унапредувањето на електро-енергетската инфраструктура влијае врз развојот и разместеноста на производните и услужни дејности.

 

Вредноста и ранливоста на областа која ќе биде засегната со донесување на планскиот документ:

Предметниот проектен опфат е надвор од граници на населени места,  евидентирано како   култура нива, не претставува област која ке биде засегната со донесување на планскиот документ.

Планскиот концепт е поставен врз основа на анализата на просторот, анализата на можностите за просторен развој и Планската програма. Планскиот концепт е во директна зависност од создадените и природните фактори, композиција, односно естетско обликување на просторот. Одржливиот развој е принципот врз кој се базира планскиот концепт.

Планот кој е основен развоен документ, има крајна цел преку:

–           рационално користење на земјиштето;

–           максимално вклопување на инфраструктурата и објектите со теренот;

–           оформување на препознатлива амбиентална целина;

–           почитување и заштита на правото на човекот на приватност;

–           почитување и надградување на пејсажните вредности;

–           вградување пропратни содржини на основната наменска употреба на земјиштето;

–           почитување и подигнување на хуманоста во просторот и непречено движење на лица со инвалидитет;

–           вградување заштитни мерки;

–           почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето;

–           предвидување мерки за заштита и спасување;

–           отворање на нови работни места.

Посебни природни карактеристики или културно наследство На просторот кој е предмет на изработка на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план   кој е предмет за изградба на инфраструктури за пренос на електрична енергија нема регистрирано  ниту евидентирани природно наследство.  Доколку при изработка на документацијата се дојде до  одредени нови сознанија, потребно е да се предвидат соодветни мерки за заштита на природното наследство согласно законската регулатива.

Во делот на заштита на културното наследство, истото наведено е на ниво на катастарска општина , поради што при изработка на документацијата потребно е да се утврди али на  предметната локација има  културно наследство и во таа смисла да се применат соодветни плански мерки за заштита  и да се постапи согласно постоечката законска регулатива. Доколку при изведување на земјаните работи доколку се наиде на археолошки артефакти, односно дојде до откривање на материјални остатоци со културно-историска вредност, да се постапи согласно закон за заштита на културното наследство.

 

Надминувањата на стандардите за квалитет на животната средина или граничните вредности Од предвидените плански содржини не се очекува надминување на стандардите за квалитет на животната средина, ниту пак на граничните вредности.
Интензивна употреба на земјиштето Поради потреба од  зголемена површина на земјиште за изградба на фотоволтаични електрани,  неопходно е воспоставување и почитување на ефикасна контрола на користењето и уредувањето на земјиштето и утврдување на нормите и стандардите за градба
Влијанијата врз областите или пејсажите кои имаат признат статус на национални или меѓународни заштитени подрачја. Нема.
Објаснете го степенот до кој планскиот документ поставува рамка за спроведување на проекти и други активности, во однос на локацијата, природата, големината и условите за работа или според одредувањето на ресурсите:

Опфатот на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (10/20 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО Очипала – Општина Делчево е концепиран во една целина на површина од 6850,5 m², односно 0,68 хa, односно  3429,30 м должина на кабелот и е надвор од урбанистички опфат на најблиските населби.

Објаснете ја околината во близина на проектот односно активноста која се планира да се спроведе со планскиот документ од аспект на можни влијанија врз животната средина. (пр. планот предвидува изградба на резиденцијални објекти во близина на индустриска зона, објаснете дали индустриската зона ќе има влијание врз животната средина на планираните резиденцијални проекти):

Во близина на планскиот опфат нема резиденцијални објекти. Со планскиот документ се предвидува изградба на инфраструктури за пренос на електрична енергија, кој не ја загадуваат околината, не создаваат емисии на штетни материи, не трошат гориво и не создаваат бучава, не се очекува значајни влијанија врз животот и здравјето на луѓето, затоа што видот и природата на планираните содржини не спаѓаат во групата на големи и директни загадувачи на животната средина и животот и здравјето на луѓето,  на локација која се наоѓа надвор од опфат на најблиските  населби.

Објаснете ја важноста на планскиот документ за вклучување на аспектот на заштита на животната средина особено во поглед на промовирањето на одржливиот развој:

(Да се наведе дали обемот на планскиот документ придонесува кон одржливоста и намалување на еколошките проблеми. Пр. еден инфраструктурен план може да има поголеми влијанија врз животната средина отколку некој образовен план на наставните планови)

Одобрувањето на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план ќе има влијанија во текот на реализацијата  кои се огледаат во следните области од животната средина:

– воздух – активностите за изградба на предвидените објекти и нивното функционирање ќе влијаат врз квалитетот на воздухот, пред се поради емитувањето на штетни гасови од возилата и градежната механизација која ќе сообраќа до предметната локација во текот на изградба, но нема значително да го загрози квалитетот на воздухот. Во текот на експлоатацијата нема влијанија врз воздухот.

– површински и подземни води- со реализација на УПВНМ не се очекуваат значителни влијанија врз површинските и подземните води бидејки во текот на екплоатацијата нема отпадни технолошки води.   Атмосферски води се слеваат по природен пат.

– бучава – во фазата на изградба  се очекува зголемено ниво на бучава на предметната локација

– отпад – доколку при изградба на инфраструктури за пренос на електрична енергија се создаде отпад, создавачите на отпад се должни  во најголема можна мера да го избегнат создавањето на отпад и да ги намалат штетните влијанија  на отпадот врз животната средина , животот и здравјето на луѓето. Создадениот отпад треба да се депонира организирано во постојна депониија.

Од аспект на одржливоста,  одобрената документација позитивно ќе влијае врз:

– искористување на обновливи избори за производство на енергија

– обезбедување на комунален надоместок кој би се вратил во форма на инфраструктурна опременост на просторот,

 

Кои еколошки проблеми се релевантни за планскиот документ. Опишете зошто истите се релевантни и опишете ја нивната природа и сериозност.

(Објаснете ги проблемите кои спроведувањето на планскиот документ може да ги предизвика или да доведе до нивно зголемување, проблемите кои може да го забават неговото спроведување, како и проблеми кои спроведувањето на планскиот документ може да ги реши или намали.)

Од еколошки аспект, значајни се следните влијанија кои може да бидат предизвикани врз животната средина:

– зголемување на нивото на загадување на воздухот (предизвикано од издувните гасови на возилата кои ќе сообраќаат во текот на изградбата на стопанскиот комплекс);

– зголемување на нивото на бучава (предизвикано од градежните активности);

– зголемување на количината на продуциран отпад (предизвикано од градежните активности)

 

Објаснете како планскиот документ кој е предмет на разгледување е поврзан со друг/и плански документ/и во хиерархијата на планирање. Наведете го називот на тој/тие плански документ/и и наведете ги клучните влијанија на тие плански документи врз животната средина.Определете ги разликите во клучните одлуки што се носат со предметниот плански документ и другите плански документи кои биле или ќе бидат предмет на оцена.

Проектниот опфат на палнскиот документ не бил предмт на  оцена, ниту граничи со опфат на плански документ кој бил предмет на оцена.

За предметниот опфат како показател користени се одредбите од Условите за планирање на просторот изработени од Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија

Исто така, овој план е поврзан со:

  • Просторен план на РМ;
  • Стратегија за управување со води во РМ 2008-2020;
  • Национален план за управување со отпад;
  • Национална стратегија за економски развој на РМ 1998;
  • Национална стратегија за одржлив развој;
  • Втор национален еколошки акционен план на РМ;
  • Стратегија за демографски развој на РМ;
  • Стратегија за подигање на јавната свест во животната средина;
  • Стратегија за мониторинг на животната средина.
Доколку потенцијалните влијанија на клучните одлуки во планскиот документ веќе биле предмет на оцена или веќе биле разгледани во други плански документи во некоја поранешна фаза, резимирајте ги главните заклучоци на таа оцена и како тие заклучоци се користени во процесот на одлучување. Опишете дали претхоходно спроведената оценка е направена согласно најновите сознанија за влијанијата врз животната средина со цел да може истата да се користи во процесот на усвојување на постоечкиот плански документ.

Нема спроведено стратегиска оцена на заштита на животна средина.

Доколку потенцијалните влијанија од клучната одлука во овој плански документ ќе биде оценета во некоја подоцнежна фаза на планирање на пониско ниво, наведете како ќе обезбедите влијанијата што се утврдени во оваа фаза на донесување на планскиот документ да се земат во предвид при носењето на одлуката во подоцнежната фаза (пр. се спроведува стратегиска оцена на урбанистички план во кој се предвидува изграба на објект кој подлежи на постапка на оцена на влијанието врз животната средина).

Со овој Извештај за Стратегиска оцена на животна средина ќе се дадат генерални мерки и насоки кои ќе влијаат врз подобрувањето на животната средина и здравјето на човекот. Согласно Законот за животна средина и Уредбата за определување на критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оценка на влијанијата врз животната средина потребно е да се утврди потреба за спроведување на постапка за оценка на влијанието на проектот врз животната средина. Потребата од оцена на влијанијата врз животната средина ја донесува Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Согласно Законот за животна средина, како и Законот за заштита на природата, правните или физичките лица кој вршат дејности или активности кои не спаѓаат во проектите за кои се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина се должни да изготват Елаборат за заштита на животната средина, со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина, пред да започнат со спроведување на проектот и истиот да го достават до органот надлежен за одобрување на спроведувањето на проектот.

ИЗЈАВА Изјавуваме дека податоците дадени во овој формулар се точни, вистинити и комплетни.
Функција, име и презиме и потпис на лицето кој го носи планскиот документ во име на органот  

 

 

Градоначалник

Горан Трајковски

 

 

 

Бр. 04.11.2023 г

Датум: Делчево

Место: Општина Делчево

М.П.

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за подземен нисконапонски кабел (1020 kV) вод извод трафостаница Делчево од КП 2547 КО Делчево до КП 923 КО

 

Контролирал
Горан Петровски

 

Shares