И З В Е С Т У В А Њ Е за авионско прскање против комарци

Општина Делчево ја информира јавноста дека на ден 12.07.2025 година (сабота) во раните утрински часови ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци.
Прскањето ќе се врши со средство – широкопојасен инсектицид- еколошки препарат CICERON 2.ULV, одобрен од Бирото за лекови, а ќе го изврши економскиот оператор АЕРОКЛУБ Скопје, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.

Се известуваат пчеларите во времето на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Shares