ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА
Во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта и известувањето добиено од страна на изведувачот ДОО СТЕНТОН ГРАДБА Битола за започнување со градежни активности за изградба на дел од улицата Орце Николов во локалитет Шумски расадник, Ве известуваме дека од ден 25.09.2025 година (четврток) ќе се започне со примена на утврдениот времен режим при што сообраќајот на овој дел од улицата ќе биде ограничен.
Пешачкиот пристап до објектите за домување на оваа улица ќе биде овозможен преку околната улична мрежа по постојна пешачка инфраструктура.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна на потребите за брзо и навремено спроведување на градежните работи и воедно апелираме да ја почитувате поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движите со намалена брзина и зголемена претпазливост.
Со жолто е обележан пешачкиот пристап кон станбените објекти.
Со црвено локацијата за градба градилиштето.