Конституиран новиот состав на Советот на Општина Делчево. Николчо Стојменовски нов претседател на Советот

Денеска во мултифункционалниот центар во Општина Делчево се одржа Конститутивната Седница на Советот на Општина Делчево која ја отвори досегашниот претседател Гоце Попов, по што највозрасниот советник од новиот состав на Советот, Горан Димитровски, продолжи со водењето на Седницата со Дневен ред од три точки:

  1. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања;
  2. Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Делчево;
  3. Предлог-Решение за избор на претседател на Советот на Општина Делчево;

 

По изборот на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања беа верификувани мандатите на 15-те советници, по што советниците дадоа Свечена изјава и се пристапи кон избор на претседател на Советот на Општина Делчево.

Мнозинството советници за претседател на Советот го избра Николчо Стојменовски, д-р по ветеринарна медицина.

Новиот престедател на Советот, Стојменовски, се заблагодари на довербата од советниците и истакна дека овој состав на Советот со конструктивна, посветена и искрена работа ќе даде придонес во развојот на Општина Делчево.

  • Конституирањето на новиот состав на Советот, значи нов почеток, нова енергија, нови предлози, нови проекти и нови луѓе, но и голема одговорност за сите нас. Заедничката работа на Советот и градоначалникот придонесува за добри резултати. Сите заедно да работиме за една иста цел-интересот на нашите сограѓани и на Делчево. Нема ваши и наши проекти има само добри и лоши идеи. Сите добро проекти и добри и конструктивни идеи ќе ги преточиме во вистински проекти за интересите на Делчево. Ве повикувам на заедништво, на сплотеност, бидејќи Делчево е наш заеднички дом. Граѓаните тоа го очекуваат од нас и ние за тоа сме избрани, посочи Стоименовски.

 

Новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево, Иван Гоцевски кој присуствуваше на Конститутивната седница им го честиташе мандатот на новите советници и им порача дека работата на Советот е од исклучително значење за развојот и напредокот на една општина и одговор на барањата и потребите на граѓаните.

–Најпрво, сакам да се заблагодарам на досегашниот претседател на Советот, Гоце Попов, на сите членови на Советот со кои бевме како едно семејство. За мене беше многу позитивно искуство и ми беше чест што бев дел од претходниот состав на Советот. На новиот Совет сакам да му порачам да има успешна и плодна работа, да бидат коректор на работењето на градоначалникот и на општинската администрација и на сите институции кои се дел од Општината. Да размислуваат своеволно и во интерес на граѓаните на Општина Делчево. Затоа што, тоа што ќе го оставите наредните 4 години, ќе биде запаметено. Ви посакувам успешна работа, конструктивни дискусии, почитување на Уставот и законите и општинските акти, истакна Гоцевски.

Тој посочи дека работата на Советот треба да биде транспарентна, седниците да бидат јавни.

-Имаме многу граѓани кои имаат проблеми, имаме невладини организации кои имаат проблеми, групи на граѓани кои сакаат да видат како работи Советот. Да направиме  е-седници на Советот со соодветно озвучување и снимање на седниците и подобри услови за работа. Посакувам од четврток да почнеме да работиме на тоа прашање и да бидеме потранспарентни, нагласи Гоцевски.

 

Општинскиот совет на Делчево брои 15 советници и во периодот 2025-2029 година мнозинството го предводи ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата со освоени 10 мандати, додека СДСМ и Коалицијата имаат 3 мандати, а по еден мандат имаат партиите ЛЕВИЦА и ЗНАМ.

  1. АДРИЈАНА ИЛИЕВСКА -ВЕЛКОВСКИ- Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево на бр.11-127/1 од 25.10.2025 год.
  2. НИКОЛЧО СТОЈМЕНОВСКИ- Уверение за избран член на Советот на Општина Делчевобр.11-127/2 од 25.10.2025 год.
  3. ГОРАН НИКОЛОВСКИ-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево на бр.11-127/3 од 25.10.2025 год.
  4. БИЛЈАНА ТОДОРОВСКА- Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/4 од 25.10.2025 год.
  5. АНГЕЛА АТАНАСОВА-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево на бр.11-127/5 од 25.10.2025 год.
  6. ИСУСЕ ДЕСПОДОВСКИ -Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево на бр.11-127/6 од 25.10.2025 год.
  7. АЛЕКСАНДРА ГОШЕВСКА-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево на бр.11-127/7 од 25.10.2025 год.
  8. ВИКТОР ЃЕОРГИЕВСКИ-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/8 од 25.10.2025 год.
  9. ДЕЈАН ЈОВАНОВСКИ-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/9 од 25.10.2025 год.
  10. ИРЕНА РИСТОВСКА-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/10 од 25.10.2025 год.
  11. КАТЕРИНА ВЕЛИЧКОВСКА-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/11 од 25.10.2025 год.
  12. ГОРАНДИМИТРОВСКИ-Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/12 од 25.10.2025 год.
  13. ИГОР ГОШЕВСКИ -Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/13 од 25.10.2025 год.
  14. БОБАН НИКОВСКИ -Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/14 од 25.10.2025 год.
  15. ТОНИ СТАМЕНКОВСКИ -Уверение за избран член на Советот на Општина Делчево бр.11-127/15 од 25.10.2025 год.

 

Shares