Петтододеленци од Делчево на средба со градоначалникот Гоцевски

Петтооделенците од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево денеска беа во посета на градоначалникот Иван Гоцевски и учеа што значи да се биде градоначалник.

Градоначалникот им посака добредојде и ги охрабри младите да бидат амбициозни, активни, љубопитни граѓани кои со своите идеи и знаења ќе придонесуваат за поубав и помодерен град. Воедно, тој одговараше на нивните прашања и ги запозна со улогата и надлежностите на Општината и со должностите на градоначалникот.

Посетата беше исполнета со позитивна енергија, а учениците со голем интерес поставуваа прашања и споделуваа свои идеи.

Целта на оваа средба е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.

 

 

Shares