РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Бр.08-2698/4
26/11/2025 година
ДЕЛЧЕВО
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на месна заедница во с.Стамер број 08-1698/3 од 26.11.2025 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За свикување собир на граѓани за избор на членови на
Советот на Месната заедница во с.Стамер
1.Градоначалникот на Општина Делчево ги поканува жителите на с.Стамер да земат учество на Собирот на граѓани за избор на членови на Советот на Месна заедница с.Стамер.
2.Изборот на членови на Советот на Месната заедница во село Стамер ќе се спроведе на ден 27.11.2025 година (четврток),со почеток во 16.00 часот, во просториите на ПОУ„Св.Климент Охридски“ Делчево во с.Стамер.
3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување постапка за избор на членови на советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на Општина Делчево.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски



