JАВЕН ПОВИK за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

Врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики(Службен весник на Република Северна Македонијаброј 10/2020) и член 63 од Статусот на Општина Делчево(Службен гласник на Општина Делчево 15/2013, 2/2019 и 1/2021), Локално собрание на млади при Општина Делчево, на ден  12.12.2025 година распишува

 

JАВЕН ПОВИK

за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

 

(1) Локалното собрание на млади при Општина Делчево, распишува Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

(2) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Делчево
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отварање на овој повик
  • Делегатот/ката и заменик – делегатот/ката да се жители на Општина Делчево и да се на возраст од 15 до 29 години.

(3) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:

  • Портфолио за работата на организацијата .
  • Мотивациско писмо за учество во Локално собрание на млади, но не повеќе од 1(една) страница.
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминататагодина со активности спроведени за или од млади во Општина Делчево.
  • Номинацијата на делегат/ка и заменик –делегат/ка со контакт – детали за претставници.

 

(4)Пријавите за членство во Локално собрание на млади на Општина Делчево се поднесуваат електронски на е-mail адресата  Info@delcevo.gov.mkили до Архива  на Општина Делчево, секој работен ден од 07:30 до15:30часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, улица Светозар Марковиќ бр.1, со назнака Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.

 

(5)Рокот за пријавување  е заклучно 31.12.2025 година.

 

(6) Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Локалното собрание на млади      при Општина Делчево и административниот службеник за младиМилена Багевсканоминиран од Градоначалникот на Општина Делчево.

(7) За повеќе информации околу повикот може да се обратите на e-mail адресата info@delcevo.gov.mkили на телефон: 075-388-956 кај административниот службеник за млади.

 

 

 

 

 

 

 ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ

Претседавач

                                                                                                              Ана Мавродиева

Shares