
По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание,а согласно Оперативен план и Програма за одбележување на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание 1876 година, Општина Делчево организира Локален базар на стари занаети и рачна изработка на ракотворби, кој ќе се одржи воградскиот паркна ден 18.05.2026 година.
Се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица, занаетчии, уметници и креативци, кои изработуваат рачни производи, традиционални предмети и занаетчиски изработки, да земат учество на базарот со поставување на сопствени штандови.
Користењето на предвидениот јавен простор и локациите е бесплатно.
Учесниците самостојно го организираат и уредуваат својот изложбен простор.
Пријавување: Сите заинтересирани можат да се пријават просториите на Општина Делчевокај службеното лице Емил Тасев.
Рок за пријавување е до 15.05.2026 година.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат во Општина Делчево или кај службеното лице Емил Тасев.
Ги повикуваме сите љубители на традицијата и рачната изработка да бидат дел од овој значаен настан и заеднички да придонесеме кон зачувување на културното наследство.



