СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево ги информира граѓаните дека е забележан помор на риби во река Брегалница во централното градско подрачје, покрај тениското игралиште. За таа цел, ја информираме јавноста дека од страна на надлежните служби од Општина Делчево се преземаат сите потребни мерки за дефинирање на причината за поморот. Воедно,  Од крим-техника  од МВР ги имаат преземено сите истражни дејства за расчистување на случајот по што ќе следуваат и дополнителни мерки и активности согласно со законската регулатива.

Концесионерот на река Брегалница, постапува  согласно со законските ингеренции и состојбата се следи со цел дефинирање на изворот кој го предизвика поморот на рибите

Во таа смисла, Општина Делчево апелира до граѓаните да се воздржат од риболов и рибата да не ја корситат во исхраната додека не се откријат причините за поморот. Дополнително поради намалувањето на водостојот на водата во река Брегалница се апелира кон одговорно однесување на сите граѓани со цел зачувување на здрава животна средина на територијата на нашата општина.

Shares