Известување за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А3 за време на реконструкција на Граничен премин „Делчево“

Се известува јавноста дека од 10.09.2026 г. при извршување на градежни работи за време на реконструкција на Граничниот премин „Делчево“ сообраќајот на државниот пат А3 ќе се одвива под изменети услови во период од една година.

Сообраќајот на моторни возила за влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и опрема за времена измена на режимот на сообраќај, да ги следат насоките од надлежните служби, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, со цел безбедно одвивање на сообраќајот на Граничниот премин „Делчево“.

Shares