По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Делчево го уредува градскиот парк и поставува дрвени новогодишни куќарки, со цел создавање празнична атмосфера и збогатување на новогодишната програма со разновидни угостителски и трговски содржини.
Во таа насока, Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица да поднесат барање за користење локација – дрвена куќарка за вршење угостителска или трговска дејност во градскиот парк во Делчево, во рамки на новогодишната програма на Општината.
Локација: Десет (10) дрвени куќарки се поставени пред влезот на Спомен-домот АСНОМ, во градскиот парк.
Услови за доделување: Локациите ќе се доделуваат врз основа на поднесено барање до архивата на Општина Делчево и уплатен надоместок во износ од 3.000 денари.
Со оваа иницијатива, Општина Делчево создава можност за вклучување на локалните угостители и трговци во празничните активности, поттикнување на локалната понуда и заедничко создавање поубава новогодишна атмосфера во градот.



