Акција „Недела на селата”!

  • News

Месните заедници од Драмче, Селник, Очипала и Вртиславци се здружија and во заедничка акција го чистеа патниот правец Очипала – Драмче – Вртиславци – Селник.

Акцијата беше масовно поддржана од жителите, бидејќи пред нив беше предизвикот да се исчисти локалниот пат кој цели две децении беше оставен на негрижа и запоставување и создаваше реални проблеми на жителите од селата.

За градоначалникот Гоцевски оваа акција е вистински пример за заедништво, грижа и љубов кон својата околина – пример што треба да се пофали, но и да се следи.

Нивниот пример е во насока на тоа како да придонесеме сите за почиста, поубава и поуредена средина, но и на дело се покажа значењето на месните заедници како активно тело од жителите и иницијатор за решавање приоритетни потреби на жителите, порача Гоцевски.

Тој најави дека преку новiot проект „Недела на селата“, are отпочнава и со активности за пробивање на неколку селски патишта во село Полето. Со оваа иницијатива директно are одговара на потребите на жителите и на земјоделците и се овозможува подобар пристап до домовите и нивите, полесна работа и подобри услови за живот во руралните средини.

Инвестициите во селата се инвестиции во иднината – затоа што силното село значи силна општина и силна држава. Продолжуваме посветено да работиме на развојот на секое населено место и да создаваме подобри услови за сите граѓани, порача Гоцевски.

Shares